X
 29.12.2015 Наука

Според науката, која апокалипса има најголеми шанси да се реализира?

апокалипса 

 

Да се соочиме. Светот каков што го познаваме денес еден ден повеќе нема да постои. Секако, тоа би можело да се случи после 6 милијарди години кога нашето сонце ја достигне својата големина и го голтне јадрото.


Но, ние веројатно нема да бидеме на земјата веќе со векови, такашто нема да бидеме сведоци на овој катастрофален процес. Шансите дека нешто ќе го избриши човештвото - па дури и ќе го уништи животот н Земјата, многу порано од сонцето се многу поголеми.

Претходно оваа година, истражувачите од шведската глобална фондација за предизвици во соработка со Институтот за иднината на човекот при Универзитетот во Оксфорд објави извештај во кој се наведени 12-те глобални ризици со потенцијално „бесконечно влијание“. Авторите го дефинираат ова влијание како „крај на човековата цивилизација, па дури и на човечкиот живот“ - па затоа, овие сценарија слободно можат да се наречат апокалиптички.

Помеѓу овие глобални ризици се работи како глобална пандемијаа, еколошки колапс, нуклеарна војна, големи удари на астероиди и климатски промени. Пресметките кои одат во ваков вид на истражување се сложени  и зависат од толку многу непознати што едноставно не можеме да предвидеме со апсолутна сигурност како ќе изгледа завршувањето на човештвото. Но, возможно е да се процени веројатноста, која научниците ја направиле преку подготвување на податоци за веќе достапни проценки за следните 100 години (или 200 години, во случај на климатски промени).

Што откриле тие - кои работи најверојатно ќе не` убијат?

Според Извештајот за глобални предизвици, во текот на следните 100 години постои 1 од 10 шанси дека ние ќе развиеме системи со вештачка интелигенција кои би се ослободиле од луѓето само затоа што нив не им се потребни луѓето за да напредуваат. Сепак, тоа не е толку едноставно - во последните години, експертите за вештачка интелигенција исто така предвиделе дека суперинтелигентните компјутери би можеле да решат повеќе проблеми отколку да создадат.

„Со тоа, исклучително интелигентната вештачка интелигенција е уникатен ризик, и е веројатно помала од другите влијанија кои би го уништиле човечкиот вид“, се вели во извештајот.

„На повеќе позитивна страна, интелигенцијата со ваква моќ може лесно да се бори со другите ризици во овој извештај, со што би имала огромен потенцијал“.

Затоа, убиецот робот е најверојатното сценаро кое би го избришало човештвото, но и истовремено и најневеројатно.

Но, постојат и други апокалипси со голем потенцијал. Според извештајот, постои 5% шанса во следните 100 години луѓето да бидат избришани од глобална пандемија или нуклеарна војна. Доколку не преземеме ништо во врска со тоа, во текот на следните 200 години постои 5% шанса влијанијата од климатските промени да го направат ова.

За целта на овој извештај, авторите ги исклучиле видовите на надворешни влијанија за кои не би можеле да направиме ништо - како на пример, гама зраци кои би предизвикале пожар (иако нема висока веројатност ова да се случи).

Патем ако се прашувате за удар од астероиди, веројатноста е 1 на 10.000 - поголема е веројатноста да не` уништи супервирус пред 5 километарски вселенски камен да ја погоди нашата земја.

На крајот,  како што напишал астрономот Фил Плеит во неговата книга „Death from the skies“ од 2008 година, за работите за кои не можеме да преземеме ништо, не вреди да бидеме предупредени.

„Се чини дека вселената се обидува да не` убие. Постојат голем број опасности во вселената - но ние треба да имаме практична гледна точка. Мора да ја цениме пространоста на прострот и времето и нашата способност да манипулираме со настаните околу нас“.

Освен тоа, постојат нешта на кои не можеме да ја процениме ниту веројатноста - како на пример инвазија на вонземјани.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука