Пожарникарите од германскиот град Верл во понеделникот вечерта добиле невообичаен повик за помош - да измијат еден тон течно чоколадо од една улица.
Имено, од една од локалните фабрики за чоколадо, поради технички проблеми, се излил дури еден тон течно чоколадо.
- Околу тон течно чоколадо се изли во дворот на фабриката за производство на чоколади, а потоа густата слатка маса истекла на улица - истакна портпаролот на противпожарната служба во Верл.
Пожарникарите биле принудени да затворат мал дел од градот за да ја исчистат чоколадната река. Потоа една компанија дополнително ја чистела лизгавата улица.
- Покрај незапаметената трагедија што го погоди нашиот град, Верл нема да остане без чоколадни бонбони, чоколади и други слатки за Божиќ - истакнува еден од
пожарникарите.