X
 13.12.2019 Технологија

Целосно електричен авион леташе 15 минути

Првпат целосно електричен комерцијален авион успешно заврши пробен лет. Авионот, кој е заеднички проект на инженерската компанија „Магникс“ и чартер воздухопловната компанија „Харбор ер“, полета од Ванкувер, Канада, и леташе 15 минути без прекин. Сè уште има многу работа за зголемување на досегот, но ова е ветувачки поглед во иднината на еколошкиот превоз.

Дури и електричен авион со краток домет би бил добар за „Харбор ер“, која носи туристи до блиските острови и други локални места во мали хидроавиони. Со електрифицирање на флотата компанијата очекува да заштеди милиони долари на гориво и одржување.

- Ова докажува дека комерцијалната авијација во целосно електрична форма може да функционира. Ова го означува почетокот на ерата на електрична авијација - истакна извршниот директор на „Магникс“, Роеј Ганзарски.

Долго време очекувавме успешен пробен лет на електричен авион. Инженерите со години работат на решавање на тешкотиите што се јавуваат при обидите за создавање на воздухопловство со нула емисии. Летово норвешката авиокомпанија „Авинор“ тестира авион кој падна во езеро, но од компанијата не открија дали системот кој се напојува со батерии е виновен за инцидентот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија