X
 13.06.2019 Живот

Продавница нуди засрамувачки пластични кеси за да ги натера купувачите да не ги користат повеќе

- Канаѓаните од прва рака го имаат искусено влијанието на загадувањето со пластика и се уморни од тоа нивните плажи, паркови, улици и крајбрежја да бидат преплавени со пластичен отпад. Имаме одговорност да соработуваме со нашите партнери за намалување на загадувањето со пластика, заштита на животната средина и создавање работни места и раст на нашата економија. Им должиме на нашите деца да одржуваме чиста и безбедна животна средина, за генерациите што доаѓаат - ова го изјави канадскиот премиер Џастин Трудо по соопштението дека Канада ќе се обиде да ја забрани штетната пластика за еднократна употреба најрано до 2021 година, приклучувајќи се кон земјите Бангладеш, Кенија и Руанда, заземајќи силен став против загадувањето со пластика.

Продавницата за овошје и зеленчук „Ист Вест маркет“ во Ванкувер веќе ги подготвува своите клиенти за живот без пластични кеси, засрамувајќи ги оние што доаѓаат без кеси за повеќекратна употреба.

Дејвид Ли Квен, сопственик на продавницата, вели дека планот не бил да ги засрами клиентите.

- Сакавме да им дадеме нешто хумористично, но и нешто што ќе ги натера да размислуваат. Во човечката природа на секој е да не сака да му се кажува што да прави. Многу луѓе користат кеси за повеќекратна употреба, но забораваат да ги донесат. Сакаме да им помогнеме на клиентите да користат кеси за повеќекратна употреба така што нема да ги заборават - вели тој.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот