Исто како автомобилите, ракетите, системите за транспорт и батериите не беа доволно, сега Илон Маск сака да му го подари на светот и електричниот авион. За време на церемонија за доделување награди за најдобар дизајн на „Hyperloop“, еден присутен од публиката го прашал Маск за неговата следна голема идеја.
„Размислувам за вертикално полетување и слетување на електричен авион малку повеќе. Мислам дека имам нешто што може да успее. Во искушение сум да сторам нешто околу тоа“, одговорил Маск.
Електричните авиони не е нов концепт, забележува „Аутоблог“. Во 2007 година леташе француски електричен авион наречен „Електра“, а веќе наредната година видовме и тест на друг електричен авион наречен „Електра флајер си“, но никој од нив не започна да се произведува масовно.
Маск изјавил дека размислува за електричен авион уште во 2009 година, но тогаш кажал и дека „има многу за мислење“.
Сега, времето изгледа идеално за Маск да започне со работа на идејата за електричен авион, особено доколку тие навистина се за вертикално полетување и слетување.