X
 13.12.2019 Живот

Мистериозни дупки во Тихиот Океан

Научници од Истражувачкиот институт при аквариумот во Монтереј Беј во Калифорнија открија неколку илјади мистериозни отвори на океанското дно.

Потеклото на откриените објекти не е утврдено. Најголемите такви дупки се со ширина од 175 метри и длабочина од 5 метри. Забележани се вкупно 5.200 вакви вдлабнатини.

Обично ваквите појави се поврзуваат со емисии на метан и се среќаваат во целиот океан. Стручњаците, сепак, во овие дупки не откриле траги од метан, што го прави откритието уште поинтересно.

Претпоставките се дека тие настанале како процепи поради морските струи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот