X
 14.06.2024 Наука

Стара фотографија предизвика нова дебата: Мистериозните јами ги кријат тајните на вонземниот живот на Марс?

Марс е дом на неколку интригантни јами кои им го привлекуваат вниманието на научниците и вселенските ентузијасти. Тие јами, лоцирани на страните на древните вулкани во регионот Тарсис, повторно станаа предмет на интерес благодарение на неодамнешното појавување на сликата „ХајРАЈС“ од 2022 година, објавена од Универзитетот во Аризона.

Сегашниот недостиг на вулканска активност на Марс значи дека нема закана од ерупции, но преостанатите подземни цевки од лава сè уште може да бидат присутни. Брендон Џонсон, геофизичар од Универзитетот Пердју во САД, објаснува дека дупките најверојатно се „светлосни окна“, каде што замјата над цевката од лава се срушила и создала големи отвори.

- Има повеќе такви јами на Марс. Тоа се места каде што астронаутите би можеле да одат и да бидат безбедни од радијација - објаснува Џонсон.

- Длабочината и обемот на овие јами остануваат нејасни. Јамите на Марс може да доведат до поголеми пештери или да бидат само изолирани дупки. Нема начин да се знае што има во нив додека не ги истражиме подетално - додава Бејер.

Истражувањето на овие јами е од клучно значење не само за потенцијалните човечки мисии, туку и за потрагата по вонземен живот. Заштитеното опкружување во овие дупки може да обезбеди засолниште од суровата површина на Марс, слично на цевките од лава на Месечината, кои можат да достигнат температури до 17 Целзиусови степени, што е остварлив услов за живот. Иако е неизвесно дали цевките од лава на Марс се исто толку жешки, тоа е можност што вреди да се истражи.

За научниците навистина да ги разберат овие јами, можеби е неопходно да се испрати ровер да ги истражи. Се предлагаат мисии за робот кој би можел да истражува што има внатре.

- Иако овие јами нудат ветувачка локација за потрага по вонземен живот, важно е да не се надеваме многу. Тоа е добро место за набљудување, но не знаеме дали воопшто има живот на Марс - предупредува Џонсон.

Извор: zimo.dnevnik.hr

Фото: 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука