X
 13.12.2019 Живот

Штрајк на образовните и здравствените институции во Косово

Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата на Косово (СБАШК) и Федерацијата на синдикатите на здравството на Косово (ФСШК) денеска одржуваат штрајк во знак на револт поради одложување на примената на новиот Закон за плати од страна на косовскиот Уставен суд.

Двочасовен штрајк се одржа во сите образовни институции, и тоа во детските градинки од 6:30 до 8:30, на сите универзитети од 8 до 10 часот и во сите основни и средни училишта во првите два школски часа во првата и во втората смена.

ФСШК објави дека денешниот штрајк на сите нивоа на здравството, со мото „Ги чекаме платите според новиот закон“, ќе трае од 7 до 15 часот и во тој период ќе се третираат само итни случаи.

Уставниот суд на Косово, на барање на народниот правобранител, ја одложи вчера примената на новиот Закон за плати за до 30 март идната година, со кој се предвидуваше зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.

Против оваа одлука на Уставниот суд реагираа и синдикатите на другите јавни сектори, меѓу кои и на полицијата и царините, кои исто така ја најавија можноста за штрајкови.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот