Пред Канји Макибла да стане инвеститорски партнер во Колаборативниот Фонд, тој бил типичен студент на Стенфорд кому му биле потребни насоки во кариерата.
Додека бил на факултет, тој се запишал на предметот „Дизајнирање на сопствениот живот“, кој бил доста популарен затоа што во него бил втемелен дизајнот за размислување на концепти и техники. Лекциите од овој предмет на Канји му дале перспектива дека е потребно тој да управува со одлуките за животот и работата после дипломирањето.
„Курсот навистина ми помогна да го разберам концептот на работата. Работата треба да се земе лично, но таа не е вашата личност“, вели Канји.
Во тоа време, предметот се`уште бил експеримент, предводен од страна на Бил Барнет, извршен директор на програмата на Стенфорд, и Дејв Еванс, кој го преводел дизајнот на првиот маус на Apple. „Предметот стана познат за рекордно време“, вели Еванс кој ја надгледувал наставата.
Денес 17% од студентите се запишуваат на овој изборен предмет, такашто голем дел од студентите се борат за ограничените места. „Сме имале студенти кои буквално им го предаваат часот на оние студенти кои немале можност да се запишат“, додава Еванс.
Еванс го дели предметот на два дела: првиот дел е формулирање на проблемот. Токму тука студентите добиваат алатки и идеи за преземање на чекори и започнување на изградба на патот напред. Исто така, за време на овој курс, студентите учат се`: благодарност, великодушност, самосвест, адаптибилност. На крајот на курсот, студентите полагаат на тој начин што нудат три радикално различни планови за пет години нанапред. Одамна дипломираните студенти велат дека често пати се навраќаат на плановите и гледаат како напредуваат нивните животи и кариери.
Целта на овој предмет е да го промени високото образование, не преку враќање на религијата, туку преку повторно воведување на методи кои ќе го претворат студентот во личност којашто ќе „заплови“ во светот, ќе создаде промени и ќе стане лидер.