Тестот „Гаокао“ во Кина е неверојатно тежок тест, кој трае два дена и е невозможно да се добијат целосни оценки, а исто така може и да ги одреди можностите во животот.
Милиони ученици го полагаат овој тест како приемен испит за факултет во јуни секоја година. Најдобрите универзитети во Кина се познати дека селектираат само 1 од 50.000 студенти. Тестот покрива кинески и англиски јазик, математика и предмет од хуманистички науки или природни науки по избор.
Ова се неколку примери од прашањата на тестот кој се реализирал во 2015 година:
1. f (x) = sinx - (2sqrt(3))(sin^2(pi/2)):
A) Пронајди ја најмалата позитивна револуција на f(x)
B) Пронајди ја најмалата вредност на f(x), ако [0,2pi/3]
Одговорите се: A) 2pi и B) -sqrt(3).
2. Дали крилјата на пеперутките имаат бои?
3. За каков предмет имате длабока страст во вашата душа? Можете да одберете растение, животно или прибор за кој можете да пишувате.
4. На кого најмногу му се восхитувате? Биотехнолошки истражувач, инженерски техничар за заварување или фотограф?
Иако учениците во Кина постојано добиваат пофалби од остатокот од светот за своето навидум образование без маана, тестот „
Гаокао“ останува контроверзија во Кина. Некогаш се поставуваат и дронови за да се фатат учениците што мамат и за тоа добиваат дури и затворска казна.