X
 21.05.2016 Економија

Кои професии земаат најголеми плати во Македонија?

плата

 

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2016 година изнесува 103.0 во однос на март 2015 година.

 

Зголемувањето се должи на зголемувањето на просечната месечна нето-плата по вработен од секторите: Административни и помошни услужни дејности (16.8%), Информации и комуникации
(14.6%) и Градежништво (12.8%).

Податоците покажуваат дека највисока плата земаат вработените во секторот за „Финансиска дејност и дејности на осигурување“ со нето-плата од 38.914 денари, а веднаш по нив се вработените во секторот „Информации и комуникации“ чија нето-плата изнесува 37.730 денари.

Висока плата земаат и работниците од секторот за „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и комуникација“ чија нето-плата достигнува до 36.929 денари.

 

1


Најниска плата земаат вработените во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ чија нето-плата изнесува 15.118 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2016, изнесува 22 053 денари. Во март 2016 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија