X
 13.12.2022 Живот

Нова технологија за лекување леукемија дава резултати

Лекари од Лестер, Велика Британија, соопштија дека тинејџерка која боледува од Т-леукемија е во ремисија по нова терапија со генетска модификација на донирани Т-клетки.
Научниците првпат ја сменија „основата“ на една буква од генетскиот код на донираните Т-клетки и на тој начин кај пациентката овозможија тие да ги напаѓаат само болните клетки, како и да не ги напаѓаат здравите клетки по хемотерапијата.

- Ова беше најсофистицираниот инженеринг на клетки досега и го отвора патот за други третмани и на крајот подобра иднина за болните деца - изјави имунологот, професор Васим Касим, еден од водачите на проектот.

Пред овој третман тинејџерката била подложена на хемотерапија и трансплантација на коскена срцевина во обид да се ублажи болеста, но никогаш не постигнала целосна ремисија, но по генетското модифицирање на донираните Т-клетки таа повеќе од шест месеци е без леукемија.

Т-клеточната леукемија е рак кој влијае врз класата на бели крвни зрнца познати како Т-клетки, така што тие почнуваат да растат пребрзо и на тој начин го попречуваат производството на крвни зрнца во телото, а стандардните третмани вклучуваат трансплантација на коскена срцевина и хемотерапија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот