Да се има хронично заболување е многу тешка состојба. Организирањето на секојдневниот живот е доволно тешко само по себе, а дополнително кога во распоредот се вметнати и постојани тестирања, контроли и земање лекарства.
фото извор: curiosity.com
Дејна Луис има дијабетес тип 1. Решила да си го смени тој дел од животот. Програмирала сопствен вештачки панкреас за да си олесни, а и да им помогне на луѓето низ светот.
Со болеста се уништуваат клетките во панкреасот. Кај Дејна ситуацијата била поопасна бидејќи болеста напреднала и таа решила да преземе одредени мерки. Со помошта на своето момче, развила алгоритам кој ги извршува сите калкулации што таа ги правела во текот на денот. Програмирала и монитор преку кој го контролира нивото на глукоза во крвта. Единствено што треба да прави е да носи мала хардвер-опрема заедно со нејзиниот монитор и инсулинска пумпа. Уште треба да внесува регуларен инсулин преку исхраната, но менаџментот со покачувањето и опаѓањето на гликозата е многу поедноставен.
Таа решила да ги сподели својата идеја и дело со другите, па нејзиниот код да биде отворен извор. Сега и други лица со дијабетес тип 1, користејќи монитор и инсулинска пумпа, можат да имаат пристап кон нејзиниот код и да си ги олеснат животите.
И со овој нејзин
изум лицата што страдаат од болеста ќе треба да водат основна грижа како и порано, но на овој начин во голема мера се подобрува квалитетот на животот на многумина што патат од дијабетес.