X
 10.03.2018 Наука

Научниците успеале да го обноват видот кај слепи глувци?

glusec.

Кинески научници направиле голем чекор кон развивање технологија што еден ден може да го врати видот кај слепите лица. Истражувачите од Универзитетот „Фудан“ и Универзитетот за наука и технологија во Кина неодамна објавиле труд што истакнува како ги искористиле вештачките фоторецептори за да го вратат видот кај слепите глувци.

Фоторецепторите се структури што ја пренесуваат светлината во нервните сигнали на мозокот. Тие можат да го направат тоа затоа што содржат хемикалии што се менуваат кога се погодени со фотони, што произведуваат електричен сигнал кој се испраќа до мозокот преку оптичкиот нерв.

Тимот го спровел истражувањето на група глувци и сакал за да развие прогресивно деградирани фоторецептори, слични на очните болести како ретинитис пигментина и макуларна дегенерација кај луѓето. Ова не ги оштетило системите за визуелна обработка кај глувците, но ги оштетило визуелните сигнали и тие не можеле да стигнат до мозокот.


oko
Илустрацијатa (од лево кон десно) покажува око со здрави фоторецептори и мрежница со додаток на ножица.

Потоа истражувачите ги замениле оштетените фоторецептори со вештачки направени од мала наножица „украсена“ со златни наночестички.

Како и природните фоторецептори, овие наножици биле ставени во физички контакт со ретиналните клетки кои можеле да ги пренесат електричните импулси во визуелниот кортекс. Тимот го потврдил ова со мерење на активноста во визуелниот кортекс на глувците откако им пуштиле сјајна светлина во нивните очи и ја набљудувале дилатацијата во нивните зеници.

Во споредба со глувците од контролната група, некогашните слепи глувци одговориле на светлината со сличен интензитет, иако нивните вештачки фоторецептори можеле да насетат зелена и сина светлина близу ултравиолетовиот спектар. Секако, невозможно е да се каже што сигурно глувците гледале.

Техниката што се користела во истражувањето била експериментална, па дури и ако се докаже дека е безбедна и ефикасна за луѓето, ќе бидат потребни години пред да стане достапна за пошироката јавност. Сепак, резултатите укажуваат дека постои надеж за идејата еден ден да се обнови видот на слепите луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука