Паметните телефони од Apple досега имаа стандардна големина на екранот, меѓутоа од сега овие телефони ќе можат да се купат и во друга големина.
Имено, iPhone 7 кој се`уште не е излезен во продажба, ќе се произведува во две големини. Освен стандардната големина, купувачите ќе можат да купат и iPhone со големина од 4 инчи.
Познато е дека Apple е една од првите компании која започна со производство на телефон со голем екран, а од првиот до последниот момент кој се наоѓа во продажба, секој беше поголем од претходниот.
Токму затоа новоста која Apple ја воведува е доста чудна. Се претпоставува дека оваа мини верзија на iPhone во иднина ќе има своја примена и ќе биде продавана исто толку колку и стандардната.
Освен што ќе биде помал, овој телефон ќе биде и поевтин, а ќе има функција како iPhone 5s. Иако ќе биде дел од новиот модел iPhone 7, овој мини телефон нема да има некои од новите функции како што е 3D допир кој го има и iPhone 6s.