„Google“ им испратил покани на одбрани новинари од светот на технологијата, да присуствуваат на настан каде што ќе го претстават новиот „Google Earth“.
Прес-конференцијата за медиумите ќе се одржи на 18 април во Њујорк, во 14.30 часот по Средноевропско време.
Според поканата, новата верзија на корисниците ќе им овозможи „сосема ново искуство“ при користењето на популарниот сервис.
Од „Google“ не откриваат детали, но сите погодуваат дека „
Google Earth“ ќе добие уште поголема интеграција со различни ВР платформи за подобра визуелизација, како и нов изглед и функционалност на корисничкиот интерфејс.
Претставувањето на новиот сервис е темпирано неколку дена пред Денот на планетата Земја што традиционално се одбележува на 22 април, па се очекува акцентот на новиот производ да биде ставен на екологијата и зачувувањето на животната средина.