X
 13.12.2022 Живот

Рим испраќа порака преку елки од пластични шишиња и велосипедски генератори

Годинава италијанскиот главен град, Рим, испраќа порака за околината со украсувањето за претстојните празници.

Главната елка на плоштадот „Венеција“ во Рим стана популарна поради соларните панели кои произведуваат електрична енергија за украсите. Меѓутоа, многумина изјавиле дека соларните панели го уништуваат целиот изглед.


Фото: Roma

Во Рим има и други елки чија цел е да го насочат вниманието кон потребата за штедење енергија и поодговорна потрошувачка. Една таква елка е поставена пред зградата на општината. Енергијата за нејзините украси се произведува со генератор кој работи со помош на велосипеди.


Овој метод беше пуштен во употреба на 13 декември. Светлата на елката се поврзани со шест статични велосипеди и генератор, а сите жители на Рим и туристи се поканети да ги користат велосипедите за да ја осветлат елката.

Освен тоа, во зоолошката градина на Рим има уште една елка која испраќа порака за зачувување на околината. Станува збор за елка направена од 2.500 пластични шишиња кои биле најдени во отпад. Дури и украсите за елката се направени од отпад.


Извор: The mayor
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот