X
 07.12.2018 Живот

Која нација е најрелигиозна во Европа

Религијата е помалку важна за Европејците отколку за луѓето во Африка, Латинска Америка или во САД, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од институтот „Пју“.

Истовремено истражувањето забележало и големи разлики меѓу одделни држави во Европа.

Најрелигиозни во Европа се Романците. Педесет и пет отсто од анкетираните во Романија одговориле дека се многу религиозни.

Во Италија 27 проценти од луѓето изјавиле дека се религиозни, во Германија само 12 отсто, Чесите и Данците - 8 отсто и Естонците едвај 7 отсто.

Според анкетата, Германците се покажале како најголеми скептици во однос на постоењето на Господ, бидејќи само 10 отсто од нив се „сосема сигурни“ во тоа. Спротивно на нив, пак, 79 проценти од Ерменците веруваат дека Бог постои, како и граѓаните на БиХ (73 отсто).

Дури 61 отсто од Полјаците се изјасниле дека посетуваат црква и присуствуваат еднаш неделно на црковна литургија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот