X
 13.12.2024 Живот

Компанија во Германија претстави елка од чисто злато

Еден германски трговец со злато претстави новогодишна елка која со сигурност може да се смета за една од најскапите во светот, со вредност од 5,5 милиони долари.

Новогодишната елка, направена од чисто злато, е висока околу три метри и е поставена во седиштето на „Про аурум“ во Минхен, каде што беше изложена неколку дена. Оваа златна елка беше создадена по повод 35-годишнината од основањето на компанијата во соработка со австриската државна ковачница.

Дрвото е направено од 2.024 златни монети (со ликот на виенската филхармонија) - една од најпродаваните колекционерски монети во светот, а наместо традиционална ѕвезда на врвот, оваа златна елка беше украсена со џиновски златник од 24 карати.

 
Претставниците на „Про аурум“ истакнаа дека ова е само симбол на вредноста на златото кое, исто како празничниот дух, е вечно.

Сепак, оваа елка не е најскапата на светот. Тој рекорд го држи елката вредна 11 милиони долари која беше изложена во хотелот „Емирати палас“ во Абу Даби во 2010 година. Оваа елка беше украсена со 181 парче накит и беше висока 13 метри, според Гинисовата книга на рекорди.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот