Кога ќе се спомене најголема елка на светот, сите помислуваме дека таа се наоѓа во некој голем град како Њујорк или Берлин. Но, таа е сместена во малиот италијански град Губио.
Губио е мал град сместен во срцето на Италија, на 50 километри од Перуџа. На 7 декември 1981 година жителите на градот решиле да постават елка на падините на Монте Ингино.
Најголемата елка на светот, со вкупно 950 светилки што се инсталирани на падините на планината, нуди навистина спектакуларна глетка. Елката во 1991 година влезе и во Гинисовата книга на рекорди, а нејзината површина е 1.000 квадратни метри, широка е 350 метри, а висока 650.
За да се организира дрвото, потребни се 7.500 метри кабел и 1.350 конектори. Ѕвездата ја прават 250 жолти светилки, додека 300 зелени светилки ја прават фигурата на елката, а внатре има 400 светилки во разни бои.
Седми декември е многу важен датум во календарот на жителите на Губио, сите се возбудуваат и ги започнуваат празниците со најголемата елка на светот, која во последните години стана и вистинска туристичка
атракција.