Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.68 отсто.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности (4.25 отсто), додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.20 отсто.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.15 отсто.
Најголем број слободни работни места, односно 2.929, има во петтата група занимања –
Работници во услужни дејности и продажба.