X
 10.11.2016 Живот

Да се биде луд во болно општество е всушност здраво

Кришнамурти еднаш рекол: „Не е мерка за здравје да се биде добро прилагоден на длабоко болно општество!" Меѓутоа, да се биде роден и израснат во такво општество, повеќето луѓе не можат да сфатат дека е болно, а камоли дека тие се дел од таа болест, исто како и рибате, кои живеат во вода, не можат да сфатат дека тие се во вода и се дел од морскиот живот.


болно општетсво


Што значи тоа да се живее нормален живот? Во современиот свет, особено на Запад, тоа значи да се „пере“ мозокот на многу рана возраст за повеќе од една деценија за она што ние го нарекуваме школување, а подоцна на работното место сме робови за плата за скоро остатокот од нашиот живот и во конкуренција со другите, така што само да можеме да преживееме. Бесмислено консумираме производи, бидејќи манипулативното рекламирање не убедува да го сториме тоа, а во исто време ние несвесно и наштетуваме на планетата на која живееме.

Полека го труеме нашиот физички организам, со внесување на храна која предизвикува болести, се покоруваме на правилата и веруваме во догмите изречени за нас од страна на оние кои се на власт, стануваме пасивни, некреативни, задушувајќи се во безброј начини, живеејќи во страдање, а сепак  не правиме ништо за да го надминеме.

Ако застанете за момент и размислите можеби ќе сфатите дека овој вид на живот е апсолутно болен, но сепак тој е прифатен од страна на речиси сите како здрав и всушност е награден од страна на општеството. Всушност, оние од нас кои се подобри во живеење на овој начин се сметаат за најуспешни и најпочитувани, додека оние кои се различни, повеќе чувствителни и интелигентни, со желба да создадат еден поинаков пат во животот се исмејувани и се гледаат како безвредни, се сметаат за глупави, чудни, па дури и луди.

Но, во што се состои поентата на живеење на начинот на кој повеќето луѓе живеат? Животот може да се живее на многу подобар начин, можеме да живееме разиграно, исполнети со смеа и љубов, со желба да бидеме креативни, во мир со себе и кон другите, славејќи ги нашите подароци од своето постоење.

За жал, само неколку луѓе успеваат да размислуваат надвор од менталната кутија дека општеството нé обезбедува бегство од матрицата, која тие несвесно ја живеат бидејќи тие биле родени во неа. Тоа се оние бунтовниците, оние кои во одреден момент во својот живот чувствуваат потреба да се ослободат од оковите на традицијата и помагаат да се создаде поубав свет за сите суштества на земјата.


различни


Бунтовност против нормалноста


Да се ​​бунтуваме против нормалноста е најтешката работа што може да се направи, бидејќи ви е потребна храброст да бидете искрен со себеси и другите. Да се каже вистината во светот каде што речиси сите живеат во лага е доста ризично да се направи. Говорејќи ја вистината значи да одите против сегашната традиција, што пак значи соочување со менталитетот на стадото и да имате сила да продолжите да одите по вашиот пат, без оглед на тешкотиите со кои може да се соочите.

Постојат многу луѓе кои имале храброст да се бунтуваат против нормалноста на нашето болно општество, но повеќето од нив не можеле да се справат со негативните последици кои врз себе ги имале од нивните акции. Кога никој не ја прифаќа вашата посебност и е во можност да ве разбере и кога секој се обидува да ве потисне и да ви помогне да се вклопите во општеството, лесно е да ја изгубите храброста и не е невообичаено да доживеете огромна психолошка болка.

Тоа е зошто некои од најголемите умови кои некогаш оделе на земјата страдале од сериозни ментални и емоционални проблеми. И покрај тоа што сега, по долго време откако починале, тие се признати како генијалци, тоа не го менува фактот дека кога биле живи, биле забележани од страна на мнозинството како чудаци или лудаци.

Откако ќе сфатите колку е болен начинот на кој вие и повеќето луѓе живеат и одењето отворено против него, обидувајќи се да ја вратите назад вашата слобода и да создадете свој пат во животот, вие сте готови да влезете во неволја. Луѓето, вклучувајќи ги и членовите на семејството и пријателите ќе сторат сé за да ви стават пречки на вашиот пат со намера да ви „помогнат" да станете повторно нормални, токму како што самите тие се.

Наместо да ви помогнат во растењето на вашите крилја на свеста и да го оставите зад себе она што ја оптоварува вашата психа, тие даваат се од себе да ги пресечат и да ве натераат да ползите до нивната страна, така што ќе можете да страдате заедно.

Осмелете се да бидете луди

Вашиот внатрешен глас многу долго време ви кажува дека животот може да се живее на многу поубав начин и вие треба да му верувате, бидејќи е во право. И покрај тоа што може да биде најтешката работа за да се постигне, тоа е единственото нешто што вреди да се работи, бидејќи што инаку би била поентата на живеењето? Што е поентата да го потрошите цел ваш живот, само затоа што другите ви рекле дека тој е начинот на кој вие би требало да живеете?

Ако сакате да живеете на начинот на кој сакате да живеете, а не на начинот на кој другите очекуваат вие да живеете, вие треба да соберете храброст во вашето срце да бидете малку луди, луди во согласност со стандардите на општеството. Вие треба да се дистанцирате од удобноста на стадото и да го следите вашиот повик, без да се грижите за она што другите мислат за вас. Вие треба да бидете подготвени да одите преку искуство на страдања и болка, без да се откажете од обидот да ги претворите соништата во реалност.

Запомнете: без разлика колку многу болка може да доживеете со одење по патот на не-прилагодување, придобивките од тоа далеку ги надминуваат недостатоците. Исто како што мајката доживува огромна болка при раѓањето, вие ќе се соочуваате со огромна болка во раѓањето на нов вид на живот. Живот на убавина, радост, прослава. Болката оди рака под рака со промената, па прифатете ја, оставете ја да ве води и нека биде катализатор за вашата внатрешна метаморфоза.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот