X
 14.01.2023 Живот

Некои домашни поправки се забранети во Германија

Поставување полици, бојадисување ѕидови или менување светилки се работи што речиси секој знае да ги направи. Некои дури се обидуваат да направат поправки на електричната инсталација. Меѓутоа, ова е забрането во Германија за лицата што не се професионалци. Тоа е поради зголемената опасност од несреќа дури и за време на навидум едноставните работи.

Според германскиот закон, електричните системи приклучени на јавната мрежа во Германија не смеат да бидат поставени, модифицирани или поправени од непрофесионалци. Затоа, граѓаните на Германија мора да повикаат специјализирана фирма доколку им е потребна работа поврзана со електричната инсталација, како вградување штекер или поврзување таванска светилка.

Од друга страна, се дозволува менување на светилки, поставување ламби и поставување кабли во празни цевки.

Што доколку ја прекршите забраната? Казната е малку веројатна, но доколку предизвикате штета, осигурувањето нема да ги покрие трошоците.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот