X
 03.01.2017 Живот

Костарика речиси воопшто не користела фосилни горива во 2016

Костарика ја заврши 2016 година на навистина еколошки начин.


Оваа земја повеќе од 250 дена функционираше на обновлива енергија, во текот на 2016 година.

 

„Renewables“ обезбедиле околу 98.1 процент од целокупната електрична енергија за Костарика за целата година. Останатите 1.9 проценти се фосилни горива.


Земјата брои 4.9 милиони жители, а електричната енергија ја добиваат најмногу од ходроелектрани, кои се „хранат“ со големиот број реки и чести сезонски дождови. Соларната енергија исто така многу се користи, како и  ветерниците. Земјата уживаше 110 дена во електрична енергија без јаглероден диоксид од 17-ти јуни до 6-ти октомври.

Во 2015, Костарика користеше 98.9 проценти обновлива енергија, малку повеќе од вкупната енергија во 2016 која се очекуваше. Земјата има 65 пати помалку популација од на пример САД и користи 373 пати помалку електрична енергија. Тие планираат да продолжат со користењето на „чистата“ енергија и во 2017 година.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот