X
 23.06.2023 Живот

Читател вратил книга во библиотека по 65 години: „Се извинувам што доцнам“

Примерок од дистопискиот роман „1984“ на Џорџ Орвел по 65 години повторно е на полиците на библиотека во американската сојузна држава Орегон.

- Книгата треба да биде вратена затоа што нејзината содржина и денес е актуелна. Откако ја прочитав, сфатив дека оваа книга сега треба да биде вратена повеќе од кога било. Размислував да ја вратам во 1958 година кога требаше да дипломирам на Универзитетот во Портланд, но некако не успеав да го направам тоа. Се извинувам што доцнев, затоа сакав да си ја исчистам совеста на 86 години - напишал 86-годишниот човек со иницијали В.П. во белешката која се наоѓала во книгата.

Тој додал дека одредени делови од книгата сè уште се релевантни и по 65 години, осврнувајќи се особено на делот на страница број 207.

- Додадете зборови како интернет и социјални медиуми и ќе читате за 2023 година - пишува тој.

Романот објавен во 1949 година опишува свет во кој тоталитарниот режим го потиснува критичкото размислување.

Од библиотеката на округот Мултомах наведуваат дека нема да има казна за 65-годишното доцнење на книгата.

- Совеста е чиста - пишуваат тие.

Извор: ВВС
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот