Светскиот конгрес на библиотеки, кој се одржува во Ротердам, го прогласи добитникот на престижната награда за најдобра јавна библиотека на годината. За 2023 година најдобра јавна библиотека е библиотеката „Габриел Гарсија Маркез“ во Барселона.
- Ова признание не е само за библиотеката „Габриел Гарсија Маркез“. Тоа е за сите тимови на библиотеките во Барселона, архитектите и општина Барселона. Тие се подарок за граѓаните. Демократските и социјалните права и вредности се клучни за нашата библиотека. Ова признание е награда за луѓето од Барселона - изјави Феран Бургуилос, директор на Градската мрежа на библиотеки во Барселона.
Дизајнот на зградата на библиотеката потсетува на отворена книга, а во внатрешноста има посебни места за различни потреби и активности. Таа е третата најголема библиотека во градот и се простира на површина од 4.000 квадратни метри, а има шест ката. Библиотеката била наградена и за одржливата градба.
Во трката за најдобра јавна библиотека за 2023 година биле и библиотеки од Словенија, Австралија и Кина. Победничката библиотека добила награда од 5.000 долари.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија:
Wikipedia