X
 14.02.2019 Наука

Планетата Земја се соочува со многу кризи

Политичарите и креаторите на политиката не успеаја да ја сфатат сериозноста на еколошката криза со која се соочува Земјата, покажува најнов извештај.

Компанијата Ај-пи-пи-ар вели дека влијанието на човекот достигна критична фаза и се заканува да ги дестабилизира општеството и глобалната економија. Научниците предупредуваат за потенцијално смртоносна комбинација на фактори: климатските промени, губење на што поголем број видови на животни, ерозија на горниот слој, сечење на шумите и закиселување на океаните.

Извештајот од Институтот за истражување на јавни политики укажува дека овие фактори водат комплексен, динамичен процес на дестабилизација на животната средина што достигна критично ниво.

sredina
Фото: Getty Images


-Оваа дестабилизација се случува со огромна брзина без преседан во човечката историја – се вели во извештајот.

Што е потребно?


Извештајот предупредува дека прозорецот на можности за избегнување катастрофални резултати ќе се затвори за брзо време. Авторите предлагаат три промени во политичкото разбирање: за скалата и темпото на уништувањето на животната средина; импликациите за општествата и последователната потреба од трансформативни промени. Тие велат дека од 1950 година бројот на поплави во светот се зголемил за 15 пати, екстремните температури за 20 пати, а пожарите за 7 пати.

Иако климатските промени се присутни во политичките дискусии, потребна е дискусија и за други витално важни влијанија.

Во извештајот се вели дека многу научници веруваат дека влегуваме во нова ера на брзи промени во животната средина.

- Оваа ера се дефинира како ера на деградирање на животната средина, за подобро да се истакне сериозноста на обемот, темпото и импликациите на дестабилизација на животната средина, што произлегува од човечката активност.

Дали општеството ќе ги прифати понудените решенија?


- Идните проблеми со снабдувањето со храна би можеле да предизвикаат растење на цените, што би можело да предизвика граѓански немири, додека зголемувањето на нивоата на миграција може да ги напне општествата - вели Сајмон Луис, професор по наука за глобални промени на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

- Овој век ќе биде обележан со брзи социјални и еколошки промени. Она што е помалку јасно е како општествата можат да направат мудри политички избори за да ја избегнат катастрофата во иднина - додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука