X
 19.01.2018 Наука

Научниците со ново откритие за Месечината: Пронајдена мрежа од таинствени тунели

месечина

НАСА откри тунели што водат длабоко под површината на Месечината - проценето е дека овие тунели би биле идеални за нова Месечева база.

„Со оглед на нивната големина, форма, осветлување и геолошко опкружување, станува збор за добри кандидати за Месечева база“, вели лидерот на истражувањето, доктор Пакал Ли.

Научниците ги откриле тунелите додека ги проучувале снимките од површината, на која виделе дупка. Се покажало дека дупките се всушност отвори на тунелите што настанале веројатно во периодот кога на Месечината сè уште имало вулканска активност.

Околу екваторот на Месечината се откриени уште 200 слични отвори. НАСА смета дека некои од подлабоките тунели би можеле да кријат и замрзната вода, што во тој случај би било големо олеснување за идните мисии на Месечината, бидејќи екипажот би располагал со дополнителен простор и тежина.

„Нашиот следен чекор треба да бидат понатамошните истражувања - да потврдиме дали овие дупки се навистина влезови на тунели, и ако се, дали содржат мраз“, заклучува доктор Ли.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука