X
 14.02.2023 Живот

Пензионерка во Романија 11.000 пати се јавила на бројот за итни случаи лани

Пензионерка од градот Браила, Романија, лани 11.000 пати се јавила на телефонскиот број за итни случаи 112 - без никаква причина.

Аурелија Санду се јавувала секој ден и барем еднаш во еден час, а како причина ги наведувала и караниците со соседите. Одговорните за повиците ја известиле полицијата, па неоснованите жалби ѝ донеле казна од 2.000 леи (околу 410 евра на Романката). Но, ни тоа не ја спречило.

Се чини Санду не е единствената... Истата година човек од Вранча над 5.000 пати се јавил на единствениот број за итни повици - само за да ги навреди операторите на Специјалната телекомуникациска служба.

- Луѓето се јавуваат затоа што им е досадно, зашто мислат дека е смешно, или дека мораат да пријават измислени злосторства - велат од службата за тамошните медиуми.
Само во 2022 година на телефонскиот број биле регистрирани четири милиони неосновани повици, според извештаи на романската полиција.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот