X
 04.05.2017 Живот

Пензионерка и студент - необични цимери

Адел Резе и Генадиј Гармашу се цимери кои на прв поглед немаат многу заеднички точки. Тие се дел од програма и проект насловена како „Сместување во замена за помош“.

фото извор: dw.com

Секој ден имаат одредено време за чај. Аделе која има 76 години, вели дека Генадиј не е баш зборлив. Таа е пензионерка, а тој студент. Веќе 4 години живеат заедно во Кил, на крајниот север на Германија. Днаш и се допаднала идејата. Сакала да живее со некој од Шпанија за да го подобри јазикот, или пак од Кина, каде што често патувала со својот сопруг. Но, како цимер добила човек од Казакстан.

Кил е еден од 40 студентски градови во Германија кои нудат ваков вид на програма. Идејата е едноставна – студентите помагаат во домаќинството онолку часови месечно колку што имаат квадрати на располагање. Работаат во градината, го шетаат кучето на сопственикот, извршуваат мали поправки во домот. Но, поголемиот дел од пензионерите се пријавуваат за да не бидат сами, а не за да има некој кој ќе им помогне.

Аделе има три деца кои живеат на неколку места во Европа. Куќата е навистина голема, а на приземјето сега живее Генадиј. Неговите родители никогаш не би можеле да му испратат доволно пари за да плаќа студии и живот во Германија. Тој освен што студира и работи, но приходот не му е ни приближно доволен за плаќање стан во Кил. Киријата кај Аделе ја плаќа така што го шета нејзиното куче.

Местото каде што студира е оддалечено само 15 минути возење со автобус кој го чека пред куќата. Од спротива има и маркет, а околината е преполна со зеленило и семејни куќи. Мир и тишина владее, што е нетипично за студентски живот. Но, Генадиј вели дека го сака мирот, бидејќи му е потребен за учење.
Аделе готви, Генадиј мие садови. Таа е среќна што може да му помогне на студентот, но и Генадиј е секогаш тука кога неа и треба помош околу куќата. Таа многу му помогнала и кога до него стигнала веста од родната земја дека неговиот татко починал.

После 4 години заеднички живот, на Аделе и Генадиј им се чини дека е невозможно Генадија да се отсели набрзо. Но, неговите студии се веќе при крај.

Сторија: dw.com
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот