X
 14.02.2023 Политика

Северна Кореја има влогерки кои објавуваат за животот во земјата на „Јутјуб“

Последнава година се појавија повеќе корисници на „Јутјуб“ кои тврдат дека живеат во Северна Кореја. Тие објавуваат секакви видеа, но западните медиуми пишуваат дека тие можеби се поврзани со медиумска компанија која работи за Владата на Северна Кореја.

Меѓу овие инфлуенсери е и Сонг Еј, 11-годишно девојче кое сака да посетува забавни паркови и вели дека обожава да ја чита „Хари Потер“. Таа има 23.000 следбеници на „Јутјуб“, а објавува детски видеа од одење на училиште, јадење слатки со пријателката и играње во воден парк.


Тука е и Ју Ми, млада девојка која зборува со постари жители за сладолед и Светското првенство во фудбал. Оваа влогерка објавува видеа од животот во главниот град, фалејќи некои фабрики и места. Таа има 11.000 следбеници на „Јутјуб“.


На „Јутјуб“ има и други корисници кои објавуваат за животот во Северна Кореја. Се претпоставува дека овие влогери се дел од операција чија цел е да споделува пропаганда. Интернетот е забранет во државата, а во видеата може да се види како инфлуенсерите јавно се движат низ Пјонгјанг со своите камери.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика