X
 27.05.2018 Живот

Американците малку го коригираа писмото што Трамп го испрати до Ким Јонг-ун

Американците масовно почнаа да го коригираат писмото на американскиот претседател Доналд Трамп испратено до лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, оценувајќи го со најслаби оценки.

На социјалните медиуми сите го критикуваа Трамп поради пиското со кое тој го извести севернокорејскиот лидер дека нивниот планиран самит е откажан. Неколку верзии од писмото се појавија на интернет и сите беа коригирани со црвено пенкало. Посочените грешки се од различен вид.

-Треба да се видиме по часот Доналд. Нема да поминеш ако наскоро не покажеш подобрување - стои во една забелешка.

Фото: Daily Mail

На истото писмо се испишани уште неколку совети како „ова нема смисла“, „земи си лексикон“.

Сите му порачуваа на Трамп да поработи на вокабуларот, посочувајќи на делот каде тој го искористил зборот „убав“ за опис на неодамнешното ослободување на заложниците-Американци.

-Сакам да ти се заблагодарам за ослободувањето на заложниците кои сега се дома со нивните фамилии. Тоа беше убав гест кој многу го ценам - напиша Трамп.

Тоа наиде на остра реакција.

-Земањето заложници е „убаво“?? Повторно, вокабулар! - посочи едно лице.

Во друга корекција беше наведено дека Трамп истакнал дека нешто е небитно, но сепак го напишал во писмото.

-Ако е небитно, зошто воопшто се споменува - стои во забелешката.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот