X
 19.08.2016 Култура

Турист го споделува најдоброто од Северна Кореја

Британецот Луис Кол кој имал можност да ја посети Северна Кореја, раскажува за работите што го воодушевиле во оваа земја.

 

кореја


Кол на неговиот „YouTube“ канал ги објавуваше неговите искуства и доживувања од оваа земја преку неговиот блог, меѓутоа наиде на голем број критики затоа што ја прикажал земјата во доста позитивно светло.

Како што вели Кол, неговата намера била да го долови моментот на живот во оваа изолирана земја, кој мејнстрим медиумите не сакаат да го прикажат.

„Се'уште сум под импресии. Земјата е полна со интересни работи, посетив толку многу интересни нешта, споменици... Со самот тоа што видов места како аква паркот бев воодушевен бидејќи ме натера да сфатам дека работите кои ги гледаме во медиумите за Северна Кореја како земја која стои во минатото се многу основни и едноставни. Постојат елементи од сето тоа, меѓутоа посетата на оваа земја ме натера да сфатам дека постои активна и среќна цивилизација која живее тука и која не се разликува од другите култури кои сум ги видел“.

Она што најмногу му оставило впечаток биле Џафа тортите како и тоа што не морал да ги соблече чевлите на аеродром.

 

2


Тоа што го изненадило било колку луѓето уживаат во банкетот (Северна Кореја се соочила со неколку бранови на глад од 90-тите, и сега е на работ на уште еден.

Исто така, тој бил изненаден што хотелите нудат масажи и се опремени со маси за пинг понг. Иако мејнстрим медиумите оваа земја ја прикажуваат како студена и индиферентна, сепак постојат активности како што е аква паркот од кој Кол е и тоа како воодушевен.

За Кол особено воодушевувал фактот што имало само 100 туристи низ целиот Пјонгјанг, а сите луѓе со кои имал можност да разговара биле и повеќе од љубезни и фини.

 

3


Со оглед на неговите суканици, за луѓето било особено интересна неговата коса бидејќи немале видено нешто слично.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура