X
 05.01.2024 Живот

Поради кризата со храна, севернокорејскиот лидер подготвува радикални мерки

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го повика народот да направи радикални подобрувања во секторот за земјоделски машини.

Северна Кореја е посветена на модернизирање на земјоделството поради хроничниот недостиг на храна. Севернокорејската државна новинска агенција објави дека при посетата на изложбата на земјоделска механизација, Ким ја истакнал важноста за усвојување долгорочен план за развој што треба да поттикне широка механизација на земјоделската работа во руралните области.

1
Фото: KCNA

- Радикалното подобрување на индустријализацијата на земјоделството е приоритетна потреба - изјави Ким. Неколку дена претходно тој ги претстави економските цели за 2024 година и посочи дека земјоделското производство на високо ниво е клучна задача.

На саемот беше изложена земјоделска механизација од стотици производители вклучувајќи трактори, машини за пресадување ориз и хеликоптери.

Оваа земја претрпе сериозен недостиг на храна во последниве децении, вклучително и глад во 90-тите години, како резултат на природни катастрофи. Меѓународните експерти предупредија дека затворањето на границите за време на ковид-пандемијата го влоши обезбедувањето на храна.

2
Фото: KCNA

Се проценува дека производството на земјоделските култури во Северна Кореја се зголемило во 2023 година поради поволните временски услови, но според јужнокорејски официјален претставник, сè уште е далеку од она што е потребно за да се реши хроничниот недостиг на храна во земјата.

Извор: News.yahoo.com
Фото: KCNA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот