X
 30.04.2017 Живот

Што претставува патолошкото лажење?

Патолошките лажговци лажат само колку да лажат. 

Патолошкото лажење е состојба во која одредена личност лаже постојано и тоа без одредена причина. Ова е различно од некој кој лаже од време на време, тоа е едноставно човек.


Фото: Freepik

Патолошките лаги се различни од оние „обичните“. Се работи за лаги кои се постојани и се кажуваат секогаш. Често ова се поврзува со емоционални нарушувања. Според некои истражувања патолошкото лажење се поврзува со специфичен невролошки шаблон кој вклучува мал дефицит на меморија, како и негативен начин на кој одредена индивидуа евалуира информација.  Патолошките лажговци поседуваат одредени особини:

-    Нивните лаги се елаборирани
-    Често нивните лаги ги презентираат како жртви
-    Лагите не им се оригинални, туку најчесто преземени од приказни на други луѓе
-    Избегнуваат прашања преку кои може да се открие дека лажат
-    Избегнуваат контакт со очи
-    Изгледаат и премногу опуштено, бидејќи се убедени во тоа што го кажуваат
-    Нивната насмевка е неискрена
-    Можно е да имаат проблематични навики
-    Живеат во свој свет, не се во допир со реалноста
-    Не се добри во врски со други луѓе
-    Често менуваат работни места

Како да се справите со патолошки лажго?

1. Обидете се да чувствувате емпатија, можеби имаат причина за лажењето.

2. Потсетувајте ги дека ви значат, доколку се работи за ваши пријатели и помогнете им да вежбаат да ја кажуваат вистината.

3. Предложете им терапија, но бидете упорни и суптилни, зошто најверојатно ќе ве одбиваат.

4. Кажете им дека не заслужувате некој да ве лаже и посочете дека сте повредени.

5. Одлучете дали личноста е премногу „отровна“ за да биде во вашиот живот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот