X
 14.05.2015 Живот

Веб страна за превоз создадена од студентите од регионот

Барањето превоз на интернет за заштеда на пари за патување на нашите простори станува се` повеќе популарно. Но, социјалните мрежи често пати се непрегледни, што не е секогаш лесно да се пронајде превозот кој ни е потребен.

 

prevoz


Токму поради оваа причина една група на студенти ја создадоа интернет страната www.ajmo.hr на која брзо и едноставно можете да пронајдете превоз.

Ajmo.hr е нова платформа за заеднички превоз. Без разлика дали имате слободно место во сопствениот автомобил или пак барате некој кој има место во неговиот, на оваа страна може да се пронајдат патници кои патуваат во иста насока и на брз и едноставен начин можете да се поврзете со нив. Оваа страна ја создадоа група на студенти од Хрватска, Словенија, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Нивната желба е да научат што е потребно за да се започне успешен бизнис.

„Мислиме дека овој вид на превоз е одличен, но најпопуларен начин за пронаоѓање на превоз скоро во сите земји е преку Фејсбук. Проблемот со групата на Фејсбук е тоа што има премногу членови, а колку групите се поголеми, толку е потешко да се снајдиме. Кога во еден ден има повеќе постови, тешко е да се пронајде одредена дестинација која ја барате. Исто така, групите не се сигурни бидејќи не постои никакво оценување на возачот и патникот, а ако не сте пријатели со некој на Фејсбук, често пати се случува да не ја прочитате пораката бидејќи автоматски оди во „Other“, вели Матвез Петек, членот на екипата.

Страната започна да работи пред 9 недели, а тие велат дека станува збор за еден вид на Google пребарување на превоз, односно место кадешто лесно и брзо можете да пронајдете превозот кој го барате.  Секој ден, на страната се објавуваат повеќе од 5.000 превози низ Балканот.

„Не гледаме други слични сервиси како конкуренција. Ние сме непрофитабилен, бесплатен сервис, не заработуваме од ова, туку сакаме да ги решиме проблемите кои претходно ги напоменавме. Тоа е нашата мотивација. Сакаме да создадеме добра мрежа и да стекнеме вредно искуство од сето тоа. Потребна ни е ваква заедница која ќе овозможи ваков вид на превоз кој ќе биде сигурен и едноставен“, вели Матевз.

Достапна е и мобилна апликација за iOs и Android. Првиот чекор за регистрирање, со што ви се овозможува контакт со другите регистрирани членови.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот