Во моментов е многу тешко да се избегне „Чет-ГПТ“ со оглед на тоа дека ботот зазема сѐ, од пребарување на интернет до пишување есеи. Повеќе од 100 милиони луѓе го пробале „Чет-ГПТ“ откако е лансиран.
Без разлика дали го користите бесплатно или плаќате за „Чет-ГПТ плус“, импресивноста на можностите за генерирање текстови не се совпаѓа со интерфејсот, кој главно се држи до основите.
Затоа постојат екстензии на пребарувачите кои може да ви помогнат полесно да пристапувате до „Чет-ГПТ“ од други страници, но овозможуваат и некои функции како експортирање на разговор и слично.
Еве неколку од нив:
Merlin
Оваа екстензија ви го става „Чет-ГПТ“ на располагање кога и да ви е потребен. Откако ќе селектирате текст или блок, со притискање Ctrl+M (Windows) или Cmd+M (macOS) ја активирате екстензијата. Потоа треба да ѝ кажете што сакате „Чет-ГПТ“ да направи (да одговори, да скрати итн.)
На пример, можете да го селектирате целиот текст во е-пошта и заедно со екстензијата и „Чет-ГПТ“ да составите одговор.
Тоа што ќе го имате ботот во пребарувачот ќе ви го олесни користењето, иако сте ограничени на 31 барање дневно.
Оваа екстензија ви покажува одговор од „Чет-ГПТ“ кога пребарувате нешто на интернет.
Нема сомнеж дека „Чет-ГПТ“ е неверојатен, но има и ограничувања - нема пристап до најновите информации. Оваа екстензија го поправа тоа и заедно со одговорите од вештачката интелигенција ви дава и резултати од традиционално пребарување на интернетот во интерфејсот на „Чет-ГПТ“. Исто така, се обидува да ги интегрира двата вида одговори за да ви понуди нешто корисно.
Promptheus
За некои луѓе е полесно да зборуваат отколку да пишуваат и оваа екстензија ви овозможува да зборувате со „Чет-ГПТ“ како со вистинска личност. Може да ви понуди сосема нова перспектива за интеракција со вештачка интелигенција.
Екстензијата може да ја користите во интерфејсот на „Чет-ГПТ“ и сѐ што треба да направите е да го притиснете и држите копчето за оставање празно место на тастатурата кога ќе сте подготвени да зборувате.
Една од можеби најважните карактеристики што му недостигаат на „Чет-ГПТ“ е можноста за изнесување на содржината на други места, односно прилично сте ограничени на стариот добар метод за копирање и пренесување на друго место.
За оваа екстензија е потребно малку подолго време за инсталација, но откако ќе го направите тоа, ќе можете вашите разговори да ги снимате како фотографии и ПДФ-фајлови, а има и опција за креирање линкови до нив кои би можеле да ги споделите.
Извор:
Wired
Насловна фотографија: Pixabay