X
 02.07.2017 Технологија

Голема промена на „Viber“: Повеќе нема потреба да излегувате од апликацијата

„Viber“, една од водечките глобални апликации за размена на пораки, објавува промоција на потполно нова генерација на „чет екстензии“ – функции за споделување на содржини и употреба на содржини во апликациите, првобитно лансирани во декември 2016.

фото извор: TechCrunch

Оваа функција ја прави достапна содржината и услугите на партнерите директно од „чет“ екранот за преку 800 милиони корисници на „Viber“ – овозможувајќи лесно и ефикасно искуство на прием и споделување на содржини кои им се важни, а притоа да не мораат да го напуштаат „четот“.

Една од најважните предности е додатокот „YouTube чет екстензија“. Линковите за видеата на „YouTube“ се меѓу најчесто споделуваните, па од сега ќе може тоа да се стори директно од екранот на разговорот. Како додаток, овозможено е и пребарување и споделување на музички содржини во вообичаените начини на размена на пораки. Новата „чет екстензија“ за „Spotify“ ќе им овозможи на корисниците да пристапат кон комплетната датотека од својата омилена музика и да ја споделат во разговорот на „Viber“.

За читање вести, следење настани од мода, култура, исхрана, музика, спорт, технологија, корисниците ќе можат да го користат додатокот „VICE“.  Преку  „Booking.com“ пак, ќе можат да си ги организираат своите патувања.

Освен глобални партнери, „Viber“ на овој начин ќе воведе повеќе локални партнери во Русија, Бугарија, Унгарија, Филипини и пошироко. Базирани на „API“ моделот, избраните сервиси за пружање услуги и содржини ќе бидат во можност да програмираат сопствени „чет екстензии“ и да создаваат нови начини со чија помош корисниците ќе можат да ги збогатат разговорите.

Промените на оваа платформа ќе бидат воведени прогресивно во текот на наредните денови. „Viber“ можете да го преземете во верзии за Андроид и „iOS“ уреди.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија