X
 14.01.2019 Технологија

Ај-би-ем откри нов квантен компјутерски систем за комерцијална употреба

По една година откако Ај-би-ем го претстави квантниот компјутерски прототип од 50-квантни битови, компанијата повторно има големо соопштение. Имено, сега квантниот компјутерски систем е подготвен за комерцијална употреба.

Системот наречен Ај-би-ем „Q System One“ го носи квантниот компјутер од границите на истражувачката лабораторија во реалниот свет. Што точно значи тоа? Па, дека бизнисите ќе можат да платат за да го користат за комерцијални апликации.

„Q System One“ користи четврта генерација на 20-квантни битови процесор, а со 50-квантни битови уредот ќе биде достапен на Ај-би-ем Кју мрежата подоцна оваа година.

1
Фото: IBM


Компјутерот ќе има реални, практични апликации на системот. Системот ќе се приближува до практичните апликации во хемијата и развојот на нови лекови и материјали.

„Q Systems“ на Ај-би-ем се дизајнирани за еден ден да се справат со проблемите што во моментов се сметаат за премногу сложени и експоненцијални по природа за класичните системи да се справат со нив. Идните апликации на квантните компјутери може да вклучуваат изнаоѓање нови начини за моделирање на финансиски податоци и изолирање на клучните глобални фактори на ризик за подобри инвестиции или за пронаоѓање оптимален пат низ глобалните системи за ултраефикасна логистика и оптимизирање на операции за испорака.

Но, тоа е во иднината. Ај-би-ем има намера годинава да отвори комерцијален центар за клиенти со компјутери во Пукипси, Њујорк. Во меѓувреме, реплика од системот е изложена за учесниците на „CES“ конференцијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија