X
 28.03.2021 Наука

Вака би изгледало летањето над Месечината

Уметникот Сеан Доран неодамна направил видео, долго над осум часа, користејќи фотографии направени од јапонската сонда СЕЛЕНЕ што кружела околу Месечината од 2007 до 2009 г.

Сондата ги направила првите фотографии со висок квалитет од површината на Месечината во 2007 година, а научниците ги искористиле овие фотографии за да создадат детална топографска мапа од Месечината. Доран ги искористил истите фотографии за да направи симулација како би изгледало кружењето околу Месечината. Видеото е објавено во два дела од по четири часа.



Автор: Стивен Џонсон
Извор: bigthink.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука