X
 14.04.2022 Култура

Што значи забраната за присуство на „Оскарите“ за Вил Смит?

Откако Академијата за филмски уметности и науки му забрани на Вил Смит да присуствува на какви било настани на Академијата во следните 10 години, вклучително и „Оскарите“, експертот за забавна индустрија Дејв Каргер објаснува што всушност значи тоа за актерот.

- Оваа казна не е толку строга како доживотна забрана за учество на „Оскарите“, но сепак е многу висока за Смит. Тој и понатаму има право да биде номиниран за награда, како и секој што работи на проектот во кој тој учествува - изјави Дејв.

- Сепак, се сомневам дека ќе го слушнеме неговото име како кандидат во блиска иднина - додаде тој.

Забраната следуваше по скандалот на „Оскарите“


Забраната дојде откако Вил му удри шлаканица на Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. Актерот рече дека ја прифаќа и ја почитува одлуката на Академијата.

За потсетување, откако го удри Рок, Смит ѝ се извини на Академијата и самиот си поднесе оставка.

- Целосно ќе ги прифатам сите последици од моето однесување - рече Вил Смит во соопштението во кое ја објави својата оставка, нарекувајќи ги неговите постапки „шокантни, болни и непростливи“.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура