X
 15.06.2020 Култура

Поинакви „Оскари“: Поголема разновидност и повеќе номинации за најдобар филм

„Оскарите“ воведуваат големи промени, вклучувајќи и поголем број филмови-кандидати за најдобар филм и стандарди за застапеност и инклузија.

Академијата за филмски уметности и науки објави дека во категоријата за најдобар филм сега ќе можат да се најдат 10 филма, а правилото ќе биде применето на 94. доделување на „Оскарите“ во 2022 година. Организацијата планира и да имплементира нови барања за квалификуваност со насока кон разновидноста, во соработка со „Продјусерс Гилд оф Америка“.

Филмската академија неколку пати го менуваше бројот на номинирани филмови во категоријата најдобар филм во текот на нејзината историја. Во 2009 година категоријата беше проширена од 5 на 10, што многумина мислеа дека е одговор на отсуството на номинација за „Темниот витез“ на Кристофер Нолан. Во 2011 година полето можеше да се движи од 5 до 10. Минатата година беа 9. Во раните години на Академијата имало од 8 до 12 филма во оваа категорија.

Организацијата, исто така, се обврзува на нова фаза на иницијативи за разновидност наречена „Апертура на Академијата 2025“, како и иницијативи за инклузивност. Првата фаза, која заврши оваа година, беше како одговор на критиките #OscarsSoWhite. Претседателот на Академијата, Дејвид Рубин, изјави дека организацијата ги надминала овие цели.

oskari
Фото: Screenshot/YouTube

- Додека Академијата направи големи чекори, знаеме дека е потребна уште многу работа за да се обезбедат правични можности во одборот. Потребата за решавање на овој проблем е итна. За таа цел, ќе измениме и ќе продолжиме да ги испитуваме нашите правила и процедури за да се осигуриме дека сите гласови се слушаат и прославуваат - изјави Рубин.

Тој додаде дека раководството и одборот се посветени на правичност и вклучување во структурата на секоја иницијатива, комитет, програма и настан во Академијата.

Исто така, Академијата ги продолжува напорите за зголемување на различностите во нејзините редови.

Извор: Abc7.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура