X
 10.04.2015 Култура

Рани оскаровски предвидувања за филмската 2016 година

Сигурно си мислите дека е премногу рано. Сепак, поминаа само 2 месеци од одржувањето на Оскарите 2015.

 

1


Но, искрено, предвидувањето на Оскарите е многу позабавно отколку самата церемонија. Така што, иако е многу рано, никогаш не е досадно да се предвидуваат Оскарите. Кои филмски остварувања би можеле да се најдат во трката за Оскарот во 2016 година?

Најдобар филм

Ова е година во која добиваме филмови од Стивен Спилберг, Квентин Тарантино, Ричард Линклајтер, Алехандро Г. Инариту, Гус Ван Сант, Дени Бојл итн, со што самото покажува дека ќе има неверојатна трка за најдобар филм. Еве кои филмови би можеле да бидат номинирани.

1. The Revenant
2. Bridge of Spies
3. Steve Jobs
4. The Sea of Trees
5. Beasts of No Nation
6. Black Mass
7. Carol
8. The Danish Girl
9. Demolition


Алтернативи: Joy; Brooklyn; The Hateful Eight; By the Sea; Truth; Genius; Icon

Предвидување за победник: „The revenant“ - Иако овогодинешниот Оскар го доби Инуариту, не би било изненадување втора година по ред да го добие.

Најдобар режисер

1. Стивен Спилберг „Bridges of spies“
2. Алехандро Г. Инариту „The revenant“
3. Дени Бојл „Steve Jobs“
4. Гус Ван Сант „The sea of trees“
5. Кари Фукунага „Beasts of no nation“


Алтернативи:

Дејвид О Расел „Joy“
Тод Хајнес „Carol“
Том Хупер „The Danish Girl“

Предвидување за победник: Стивен Спилберг „Bridge of spies“ - Спилберг долго време нема освоено Оскар, такашто 2015 би можела да биде негова година.

Најдобра машка главна улога

1. Леонардо Ди Каприо „The revenant“
2. Еди Редмејн „The Danish girl“
3. Мајк Фасбендер „Steve Jobs“
4. Џејк Џилинхол „Demolition“
5. Метју Мекконахи „The sea of trees“


Алтернативи:

Брајан Кранстон „Trumbo“
Џони Дип „Black Mass“


Предвидување за победник: Леонардо Ди Каприо „Тhe revenant“ - Дали ова ќе биде годината кога Лео конечно ќе го освои Оскарот? Тешко е да се каже.

Најдобра женска главна улога

1. Наоми Ватс „Demolition“
2. Алисија ВИкандер „The Danish girl“
3. Џенифер Лоренс „Joy“
4. Кејт Бланшет „Carol“
5. Зои Салдана „Nina“


Алтернативи

Анџелина Џоли: „By the sea“
Саорисе Ронан: „Brooklyn“

Предвидување за победник: Наоми Ватс, „Demolition“ - Исто како Лео, и Наоми долго време очекува да добие Оскар. Овој пат таа работи со Жан Марк Вали кој е рецепт или за номинација за Оскар или освојување на Оскар.

Најдобар актер во споредна машка улога

1. Идрис Елба „Beasts of no nation“
2. Том Харди „The revenant“
3. Сет Роген „Steve Jobs“
4. Кен Ватанабе „The sea of trees“
5. Крис Купер, „Demolition“

Алтернативи

Семјуел Л.Џексон „The hateful eight“
Бредли Купер „Joy“


Предвидување за победник: Идрис Елба, „Beasts of no nation“ - Академијата обожава да дели Оскари на лоши ликови.

Најдобра споредна женска улога

1. Руни Мара „Carol“
2. Наоми Ватс, „The sea of trees“
3. Џенифер Џејсон Леи „The hateful eight“
4. Хелена Бонхам Картер „Suffragette“
5. Кејт Винслет „Steve Jobs“

Алтернативи


Кетрин Ватерсон „Steve Jobs“
Никол Кидман „Genius“


Предвидување за победник:  Руни Мара „Carol“ - Номинирана е еднаш и продолжува да биде одлична.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура