X
 14.04.2023 Технологија

Корисниците што ќе откријат грешки во „Чет-ГПТ“ може да добијат до 20.000 долари

Компанијата „Опен АИ“ планира да ги наградува оние што ќе пронајдат грешки во „Чет-ГПТ“.

Компанијата претставила програма во која ќе ги наградува оние корисници на „Чет-ГПТ“ што ќе најдат проблем со услугите и работата на апликацијата. Наградите се движат од 200 долари до 20.000 долари.

- Ве повикуваме да пријавите ранливости, грешки и сигурносни пропусти кои ќе ги откриете во нашите системи. Споделувајќи ги вашите откритија, играте важна улога во зголемувањето на сигурноста на нашата технологија за сите - известиле од компанијата.

Програмата била најавена откако биле откриени грешки во платената верзија на „Чет-ГПТ“. Истовремено, многумина ја критикуваат компанијата поради начинот на кој ги штити корисничките податоци. „Чет-ГПТ“ е забранет во Италија токму од оваа причина. Овие и други проблеми веројатно ја поттикнале компанијата да покаже дека е посветена на сигурноста.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија