X
 20.01.2019 Култура

Каков треба да биде филмот за оваа година да добие „Оскар“?

Овогодишното доделување на „Оскарите“ ќе биде интересно, земајќи го во предвид тоа што меѓу номинираните филмови би можеле да се најдат и оние од продукцијата на „Нетфликс“. Предвидувањата се дека во изборот за престижната награда би можеле да бидат следните остварувања: емотивниот половина-автобиографски филм „Рома“ на Алфонсо Куарон, хит што публиката го обожаваше „Ѕвезда е родена“, со Лејди Гага во главната улога, но и „Првиот човек“ во кој Рајан Гослинг го толкува познатиот астронаут Нил Армстронг.

Важно е да се земе во предвид дека и самата Академија еволуирала: во 2018 година беа повикани 900 нови членови, вклучувајќи и голем процент на жени и припадници на малцинските групи. Се поставува прашањето дали изменетата структура на гласачи ќе се охрабрат и ќе наградат новини, односно ќе ја реконцепираат идејата за тоа што го прави еден филм оскаровски.

Кога Академијата на почетокот на август соопшти дека ќе воведе нова категорија - категорија за најпопуларен филм, се дискутираше за тоа дали новата награда е смислена за филмови како „Боемска рапсодија“ или „Црн пантер“ кои не им се допаднаа на критичарите, но кај публиката доживеаја неверојатен успех.

oskar
Фото: Getty Images


До септември предлогот за нова категорија беше повлечен, но „Боемска рапсодија“, судејќи по неодамна одржаните награди Златен глобус, според предвидувањата, сепак ќе влезе во трката за Оскар. Биографскиот филм а покојниот фронтмен на групата „Квин“, Фреди Меркјури е прогласен за најдоброто филмско остварување на овогодишната 76. церемонија на доделувањето на „Златен глобус“, што најчесто е најава во чии раце би можеле да одат „Оскарите“.

Исто така, за најдобар актер е прогласен Рами Малек, кој ја толкуваше главната улога во „Боемска рапсодија“.

Што се однесува до „Црн пантер“, се чини дека филмот отвори врата за нови размислувања во врска со тоа што може да претставува еден филм вреден за „Оскар“. Од Академијата неодамна соопштија дека сѐ уште се обидуваат да дојдат до најсоодветен начин филмови од различен тип да одговараат на наградите.

Во трката за „Оскар“ 2019 година се чини дека нема да влезат три филма за проблематичните адолесценти: „Избришана личност“ (Boy Erased), „Убаво момче“ (Beautiful Boy) и „Се врати Бен“ (Ben is Back). Двата филма зборуваат за борбата со зависност, а третиот е за тинејџер чии родители го принудуваат на терапија на преобратување. Академијата некогаш посебно ги ценеше ваквите остварувања, но сега е различно.

Помеѓу престижните хитови, миленикот на публиката и остварувањата со класични вредности, денес е потешко од било кога да се дефинира што го прави еден филм вреден за Оскар. Изборот на новата Академија која ќе продолжи да евоулира наредните години ќе биде темел за редефинирање на идејата за оскаровски филм.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура