X
 05.08.2024 Технологија

„Мета“ нуди милиони на холивудски актери за користење на нивните гласови за ВИ

Интернетот е полн со нелегални лажни видеа со вештачка интелигенција во кои познатите личности кажуваат шеги, прават будалести работи или рекламираат нешто со својот изглед и глас - создадени од вештачка интелигенција.

„Мета“ сега сака да ја легализира употребата на гласовите на холивудските актерки и актери во моделите за разговор со вештачка интелигенција и е подготвена да им плати милиони долари за тоа, според информациите обезбедени од „Блумберг“ и „Њујорк Тајмс“.

Тоа значи дека во идните програми за разговор со вештачка интелигенција би можеле да имате можност да „разговарате“ со познати холивудски фаци, меѓу кои наводно ќе бидат и оскаровката Џуди Денч, актерката и раперка Авквафина и комичарот и актер Киган-Мајкл Ки.

Изгледа дека „Мета“ сака да ги инкорпорира нивните гласови во „МетаАи“, асистент за гласовна вештачка интелигенција сличен на Сири и „Гугл Асистент“, кој ќе се најде во голем број производи на компанијата како „Фејсбук“, „Месинџер“, „Инстаграм“ и „Вацап“.

Претставниците на здружението на холивудските актери се обидуваат да се изборат за строги ограничувања за користење на лицата на нивните членови за целите на вештачката интелигенција поради ризикот да ја загубат работата, па овој потег на „Мета“ очигледно е обид за легализирање на тоа со плаќање на богати надоместоци.

„Мета“ наводно ќе ги „изнајмува“ гласовите на актерите за цели на вештачката интелигенција на одреден временски период, а тие договори ќе мора да се обноват.

Исто така, се тврди дека „Мета“ сака да ги купи правата за гласовите на познатите личности што е можно поскоро, за да може да ги претстави новите функции на настанот „Конект“ во септември.

Извор: m.vidi.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија