X
 27.06.2023 Технологија

Вештачка интелигенција ќе биде професор на „Харвард“

„Харвард“ ја прифаќа вештачката интелигенција во училницата. Таа отсега е официјален професор на универзитетот.

Почнувајќи од оваа есен, студентите по компјутерски науки запишани на курсот „Вовед во програмирање“ ќе бидат охрабрени да користат вештачка интелигенција за да го дебагираат кодирањето, да добијат повратни информации за нивната работа и да одговорат на индивидуални прашања за грешки и нејасни линии на код.

- Се надеваме дека со помош на вештачката интелигенција ќе успееме да го направиме еднаков односот наставник-ученик за секој студент на курсот „Вовед во програмирање“ со тоа што ќе обезбедиме софтверски алатки кои 24/7 можат да ги поддржат студентите во нивното учење со темпо и на начин што индивидуално им одговара - изјавил професорот Дејвид Џ. Малан.

Ова е остар пресврт од минатата учебна година кога „Харвард“ немаше регулирана употреба на вештачка интелигенција на крајот од есенскиот семестар.

Студентите нема да користат „Чет-ГПТ“ или друга позната алатка, туку јазичен модел на универзитетот, кој ќе се фокусира на водење на студентите кон одговор наместо давање готов одговор. Оваа алатка ќе биде достапна и за студенти надвор од универзитетот.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија