X
 14.04.2023 Живот

Ова е најосамената куќа во Британија - треба да пешачите 20 минути за да стигнете до влезот

Во Јоркшир Дејлс се продава најосамената куќа во Велика Британија. Фактот што треба да се пешачи 20 минути до влезот не помага во продажбата.

Се чини дека куќата е прилично изолирана дури и за најинтровертните луѓе бидејќи идните станари ќе мора да патуваат 11 километри за да стигнат до најблиската продавница во градот Инлгтон. Исто така, потребно е да пешачите 20 минути до влезната врата бидејќи до куќата не можете да стигнете со автомобил.

1
Фото: Triangle News

На почетокот куќата се продавала за 300.000 фунти, но сега е намалена на 250.000 фунти. Била изградена во 40-тите години по нарачка на лондонската, мидлендската и шкотската железница. Затоа, не е чудно што има потреба од реновирање и нема струја, а има влага и дупки на подот.

2
Фото: Triangle News

Од агенцијата за недвижности тврдат дека куќата има голем потенцијал: има доста простор, остава, кујна, дневна соба и три двокреветни спални соби. Куќата се наоѓа на патеката Три пикс чаленџ, како и на железничката линија Сиетл-Карлајл, што ја прави идеално место за одмор за сите заинтересирани планинари или набљудувачи на возови.

4

Агентот за недвижности Фишер Хопер вели дека купувањето на оваа куќа е возбудлив проект и посочува дека со реновирање, куќата може да се претвори во освежителна станица за планинари.

Извор: The Sun
Фото: Triangle news
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот