X
 14.04.2024 Живот

Колоризирани снимки покажуваат како изгледале кафулињата во Париз во 20-тите години од минатиот век

Старите снимки се бесценет подарок што ни овозможува да патуваме назад во времето и да погледнеме во минатото.

Но, лошиот квалитет на снимките или фотографиите може да им отежне на некои луѓе да се поврзат со самата снимка. Затоа, јутјуб-каналот НАС се обидува да создаде поцврст мост помеѓу минатото и сегашноста така што ги обновува старите видеа со помош на современ софтвер. Со стабилизирањето на снимката, корекцијата на брзината и додавањето боја, фотографиите се поблиски до сегашноста.

 

Во едно од највпечатливите видеа што ги обнови НАС можете да видите обиколка на Париз во 20-тите години. Камерманот покажува знаменитости како Нотр Дам. Можат да се забележат и парижаните како шетаат низ градот и пијат кафе во кафулињата. Иако зградите и обичаите постојат, модата и однесувањето оттогаш доста се промениле.

 

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот