X
 04.02.2019 Живот

Париз воведува бесплатен јавен превоз за деца

Францускиот главен град е подготвен да обезбеди бесплатен јавен превоз за сите деца на возраст под 11 години.

Како што пишува весникот „Ле Парисиен“, од септември оваа година треба да се случат значајни промени во функционирањето на јавниот градски сообраќај во Париз. Тоа подразбира дека за децата под 11 години превозот ќе биде бесплатен, вклучувајќи ги и децата што не се државјани на Франција. Лицата со инвалидитет помлади од 20 години ја имаат истата привилегија, а средношколците на возраст меѓу 14 и 18 години ќе имаат 50 отсто попуст на јавниот градски превоз, но и бесплатен налог за велосипедскиот систем „Велиб“.

Една од главните причини за воведување бесплатен јавен превоз е всушност зачувувањето на животната средина.

Пресметките покажуваат дека таквите измени ќе го чинат градот 15 милиони евра годишно.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот